Во четврток ќе биде прогласена нова енергетска кризна состојба

од Берта Китинска
150 прегледи

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија.

Според информациите во медиумите потврдени од владни извори, одлуката ќе стапи на сила од први септември.

Оваа одлука беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Од следниот месец на сила ќе стапат и препораките за штедење на електрична енергија.