Во четврток на јавноста ќе ѝ бидат презентирани сите детали од истрагата за масакрот во Градачац

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Обвинителството на кантонот Тузла во четврток заедно со тамошното министерство за внатрешни работи ќе ги презентира прибавените докази и преземените истражни дејствија во случајот со масакрот што го изврши Нермин Сулејмановиќ, пренесе Радио Сарајево.

Пред медиумите ќе се обратат главниот кантонален обвинител Томислав Љубиќ, директорот на полициската управа на МВР Џевад Корман, обвинител во случајот Далибор Бингас и портпаролот на Обвинителството Адмир Арнаутовиќ.

Како што соопштиле од Обвинителството, тема на прес-конференцијата се: спроведени истражни дејствија и анализа на прибавени докази поврзани со тројното убиство и трите обиди за убиства во Градачац од 11 август годинава.

Да потсетиме, животот на Низама Хеќимовиќ во петокот, на 11 август, беше окончан од рацете на нејзиниот партнер Нермин Сулејмановиќ. Неколку дена пред да биде убиена, Низама го пријавила Нермина за семејно насилство.

Четири дена пред убиството, судијата на Општинскиот суд во Градачац донел решение да не му се определи забрана за пристап на насилникот. Претседателот на судот таа одлука ја оправда со тоа што полицијата не обезбедила докази.

Откако ја убил Низама, пренесувајќи се во живо на Инстаграм, Нермин отишол во градот каде брутално ги убил Денис и Џингис Ондер, син и татко, кои ги познавал од порано и со кои имал расправија.

Во својот крвав напад ранил три лица. Најпрвин братучетката на Низама кај која се сокрила со детето откако му побегнала на насилникот, мајката на Денис, како и полицаецот кој се обидел да го спречи.

На крајот монструмот Нермин Сулејмановиќ се самоубил.

Слични содржини