Во четврток погреб за жртвите од пожарот во Кочани, ќе присуствува и поглаварот на МПЦ-ОА

од Даниел Ѓорѓиевски
177 прегледи

Погребот на 59-те жртви од трагичниот пожар во Кочани ќе се одржи во четврток, 20 март, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. На церемонијата ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и повеќе владици од Синодот.

„Црквата прави сè за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин. Државата презеде сè што е потребно за да се обезбеди достоинствен погреб, кој нема да ја намали болката на семејствата, но ќе биде чин на последна почит“, изјави Ангелов.

Тој упати и голема благодарност до пожарникарите, кои први пристигнале на местото на несреќата и храбро се бореле да спасат што повеќе животи.

„16 кочански пожарникари беа на лице место, се бореа да спасат животи, се обидуваа да ја оспособат задната врата, која била заклучена од внатрешната страна, за да им помогнат на заробените, истовремено спротивставувајќи се на огнот“, истакна Ангелов.

Благодарност упати и до екипите на итната медицинска помош, кои со 20 тимови од целиот источен регион пристигнале за да помогнат во спасувањето на повредените.

Слични содржини