Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, нападнаа носач на нафта во сопственост на Велика Британија во Црвеното Море, предизвикувајќи нафтена дамка, соопшти денеска американската војска.
Бродот „Рубимар“, кој пловел под знамето на Белизе, бил нападнат на 18 февруари, се вели во соопштението на американската централна команда (CENTCOM) и се додава дека бродот „е закотвен, но во него полека навлегува вода“.
Јеменските бунтовници Хути во понеделникот соопштија дека нападнале британски брод во Аденскиот Залив, тврдејќи дека бил толку сериозно оштетен што може да потоне.
CENTCOM соопшти дека бродот претрпел „значителна штета“ и оти нападот предизвикал излевање нафта во должина од 29 километри.
On Feb. 18 between 9:30 p.m. and 10:40 p.m., Iran-backed Houthi terrorists attacked the M/V Rubymar, a Belize-flagged, UK-owned bulk carrier. The ship is anchored but slowly taking on water. The unprovoked and reckless attack by Iran-backed Houthi terrorists caused significant… pic.twitter.com/bU6j850wwG
— U.S. Central Command (@CENTCOM) February 24, 2024
„М/В Рубимар превезуваше над 41.000 тони ѓубриво кога беше нападнат, што може да се излее во Црвеното Море и да ја влоши оваа еколошка катастрофа“, нагласи командниот центар, обвинувајќи ги бунтовниците Хути дека покажале „непочитување на регионалното влијание на нивните неселективни напади, загрозувајќи ја рибарската индустрија, крајбрежните заедници и увозот на храна“.
Премиерот на меѓународно признатата влада на Јемен, Ахмед бин Мубарак, денеска ги повика „засегнатите земји и организации да придонесат во напорите да се спречи можна еколошка катастрофа доколку бродот потоне“.