Во Данска бројот на пациенти опаѓа: Се планира укинување на некои мерки

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Данската влада планира да укине некои ограничувања побрзо од предвиденото, бидејќи бројот на хоспитализирани лица со КОВИД-19 продолжува да опаѓа, изјави денеска премиерот Мете Фредериксен.

Како прв чекор во постепено олеснување на ограничувањата, што траеше еден месец, е утрешното повторно отворање на градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение, соопшти „Ројтерс“.

Сепак, поединци ја критикуваа Владата дека сè уште ги оставаат затворени рестораните, кафулињата и фризерниците.

– Нашата работа како Влада не е да се грижиме за интересите на одредена група, туку да најдеме избалансирано решение што е добро во однос на здравството и обезбедува значително подобри услови за работа – рече Фредериксен на прес-конференција.

„Ова ќе биде наш пристап кон проширување на првата фаза на повторно отворање“, рече премиерката, без да прецизира детали за предлогот на Владата.

Во Данска, вкупно 299 луѓе починале од коронавирусот, додека бројот на хоспитализирани лица постојано се намалува во последните две недели.