Во Делчево пензионерски марш – бараат минимална пензија од 20.000 денари

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Со мирен протестен марш низ градските улици, поголема група делчевски пензионери синоќа ја изразија солидарноста со пензионерите од останатите македонски градови, барајќи линеарно покачување на пензиите од 3500 денари.

Меѓу останатите нивни барања се донесување на закон за минимална пензија од 20.000 денари.

Пензионерите како дел од барањата во заклучокот го посочија и предлогот за пензионерите над 75 години да се обезбеди бесплатен третман во болниците и обезбедување бесплатни лекарства во аптеките.

Слични содржини