Во Договорот со „Бехтел и Енка“ не постојат пенали. Тоа е ноторна лага, која што е претставена во јавноста. Нема таков збор во целиот одговор. Ова денеска го истакна вицепремиерот Артан Груби на прес-конференцијата во Владата, која беше свикана за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Според него, се однесува на две опции.
-Согласно сегашното законодавство во нашата земја, ќе чини повеќе. Многу е тешко да го претставиш фактот на веќе убеденост кај човек кој не може да прифати да го прочита тоа што е. Никаде не пишува 60 часа работна недела. Во членот 12 од специјалниот закон, Уставниот суд го укина тоа. Овде се зборува за дополнителни работни часови, повеќе од редовните осум во нашата земја. За сите тие се плаќа доополнително и мора да има писмена согласност од работникот. Не мора да значи дека ќе прифати, информира Груби.