Во домот на семејството Ражнатовиќ се славеше славата Свети Никола, а Цеца се пофали дека снаата Богдана многу помогнала во подготвувањето на специјалитетите.
Всушност, уште минатата година Цеца му ја предаде славата на Вељко и всушност тој и Богдана за првпат беа домаќини и ја продолжија традицијата на славење заедно со семејството и блиските пријатели.
На Цеца и Богдана им помагала мајката на пејачката, Мира, а заедно подготвиле повеќе видови салата, рибина чорба, посна сарма, грав, повеќе видови риба и други посни специјалитети.
https://www.instagram.com/p/B6RoaompDzm/
На славата дошле и родителите и сестрите на Богдана, но и многу претставници на балканската естрада, кои традиционално секоја година на овој датум се во домот на семејството Ражнатовиќ.
Секако, неизбежно било и пеењето, а целата атмосфера и домаќините и нивните гости ја пренесоа и на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B6RoQvapwtT/