Во две средни училишта наплаќале пари за свидетелства, утврди Просветниот инспекторат

од Nikola Popovski
430 прегледи

По информациите дека училишта наплаќале за свидетелства, по иницијатива на Сојузот на средношколци, Просветниот инспекторат извршил увид во четири училишта, по што било утврдено дека средното медицинско училиште во Тетово и гимнацијата „Мирче Ацев“ во Прилеп наплаќале пари.

На двете гимназии им е укажано веднаш да ги вратат паричните средства и за тоа да го известат инспекторатот.

Покрај овие две гимназии посочени беа и „Зеф Љуш марку“ во Скопје и „8 ми септември“ во Тетово каде исто така бил извршен надзор, но не биле потврдени наодите.

За ова реагираше и Народниот правобранител кој и годинава констатира дека продолжува праксата дел од училиштата неосновано и надвор од закон да им наплаќаат на учениците/родителите/старателите за издавање свидетелства за завршено образование, соопштија од Кабинетот на Народниот правобранител.

-Глобалната пандемија со Ковид-19 уште еднаш ни покажа дека никој не може сам и дека е неопходно да бидеме заедно во решавање на сите потешкотии што ни ги носи денешницата. Па така, имајќи предвид дека инклузивноста е еден од клучните столбови на кои се потпира принципот на солидарност, а на чија идеја почива и самата конвенција на Обединетите нации за статусот на бегалците, Народниот правобранител по повод овогодинешниот Ден на бегалците упатува препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата, зачувувајќи го нивното достоинство и враќајќи им го чувството на безбедност и сигурност, стои во соопштението.

Слични содржини