Во двор во Скопје фрлени запалени шишиња

од Берта Китинска
434 прегледи

На 15.10.2021 околу 20.25 часот во Полициската станица Чаир, Е.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.08 часот во неговиот двор биле фрлени две запалени шишиња. Нема повредени лица и оштетувања на неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.