Во дворот на претседателската резиденција во Тирана се играше оро на песната „Бисер балкански“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска
270 прегледи

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, денеска се виеше оро на познатата македонска народна песна „Бисер балкански”, во кое учествуваше шефот на албанската држава Илир Мета и претставниците на малцинствата, информираа од македонското друштво „Илинден” .

Кај претседателот Мета по првпат се одржува ваква средба по повод Меѓународниот ден на културниот диверзитет и дијалог, за која посебен простор отстапуваат и домашните медуми.

– Овој ден ни нуди одлична можност да ја промовираме културната разновидност и да ги разбереме неговите вредности. Да се промовира и поттикне културниот дијалог со истакнување на богатството на малцинските култури во нашата земја, да се живее заедно во мир и хармонија и да се почитуваат правата на сите граѓани и заедници кои живеат и работат во Албанија, рече Мета на средбата.

Песната и орото на друштвото „Илинден“ започнуваат на 34 минута од преносот на Фејсбук страницата на Илир Мета.

Слични содржини