Кејт Мидлтон беше фотографирана за време на Игрите на Комонвелтот во две многу интересни комбинации кои не се својствени за војвотката, пишува „Експрес“.
Во неделата наутро, војвотката од Кембриџ му се придружи на британскиот тим на нивниот катамаран Ф50 на трката на Комонвелтот против Нов Зеланд.
Кејт тоа утро се појави во бели шорцеви и сино-бел џемпер на пруги. Подоцна се пресоблече во морнарски шорцеви и црна јакна за едрење. Додека нејзините бели шорцеви беа многу над колена, темната боја во која подоцна се пресоблече беше уште пократка.
Членовите на кралското семејство ретко се гледаат во шорцеви бидејќи кралскиот протокол бара од нив да се облекуваат на одреден начин.
Сепак, Кејт досега неколку пати е видена во шорцеви, а последниот за време на кралската турнеја на Карибите со принцот Вилијам.
Кралскиот протокол вели дека членовите на кралското семејство смеат да носат шорцеви само со соодветна должина додека ги извршуваат службените должности, а модните правила налагаат здолништата и шорцевите за кралските дами да не можат да бидат пократки од линијата до колената.