ВО ЕК НА КОРОНА, СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ВИТАМИНОТ К: Еве зошто ни треба и каде го има најмногу!

од Vladimir Zorba

Страниците на светските списанија, особено за време на пандемијата, се полни со информации за придобивките од витаминот К. Но, дали знаете зошто неговиот внес е значаен?

Витаминот К игра клучна улога кога станува збор за згрутчување на крвта. K значи процес на коагулација или згрутчување и активира протеини потребни во процесите на згрутчување, помага во заздравување на раните и спречува прекумерно крварење. Витаминот К претставува група на слични органски молекули, а најнапред ќе го најдете во зелен зеленчук како спанаќ или брокула, додека витамин К2 најчесто се наоѓа во жолчките.

Инјекции со витамин К се даваат на голем број новороденчиња, со цел да се спречи ретко, но многу сериозно крварење. Инаку, бебињата се раѓаат со низок процент на витамин К.

Исто така, научниците тврдат дека внесот на витамин К ја подобрува работата на срцето и квалитетот на коските.

Иако многу научници препорачуваат употреба на витамин К, со него не треба да се претерува, бидејќи премногу висока концентрација на витамин К може да биде штетна за нашето тело.

Исто така, холандска студија покажа поврзаност помеѓу пациенти со потешки форми на коронавирус и недостаток на витамин К во организмот.

Сепак, корелацијата не е и причината. Дали витамин К би можел да ги заштити пациентите од развој на потешка форма на заболувања на белите дробови, останува да се види доколку се обезбедат детални истражувања.

Слични содржини