261
Тројца членови на безбедносните сили на Пакистан загинаа, а петмина се повредени кога експлодирала бомба во југозападниот дел на земјата, соопштија пакистанските власти.
Бомбата била поставен на мотоцикл, паркиран во предградие на главниот град на провинцијата Балуџистан Кучлах.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во Балуџистан има вооружени групи кои бараат поголема автономија на регионот, но исто така е упориште на исламските милитанти.