Во енергетскиот систем на Украина прогласена вонредна состојба

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Украинската национална компанија „Укренерго“ прогласи вонредна состојба во енергетскиот систем по оштетувањето на енергетската инфраструктура во ракетните напади утринава од страна на руските сили.

Како што е објавено на веб-страницата на компанијата, повеќе од 50 отсто од потрошувачката на енергетскиот систем во Украина е изгубена поради руските напади врз електроенергетските постројки, пренесува „Униан“.

Русија утрово изврши масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се слушнаа во бројни градови како Киев, Харков, Запорожје, Днепар, Кривј Рих.

Слични содржини