Во есенската потрошувачка кошница ќе има овошје, зеленчук, месо…

од Nikola Popovski
54 прегледи

Првиот човек во ресорот економија и труд, Бесар Дурмиши информира дека до утре треба да се направи есенска потрошувачка кошница која треба да опфати околу 100 основни прехранбени производи (земјоделски и прехранбени) и да направи една симулација на ограничување на цените или ограничување на маржите на 5,10 или 15% на овие производи.

Овошје, зеленчук, грав, месо, ориз…ова се дел од производите што ќе се најдат во есенската кошница.

Дурмиши најави дека ваквата акција ќе продолжи и во наредниот период, но и во 2025 година во вид на „зимска, велигендска и рамазанска кошница“.

Законот за нефер трговски практики треба да стапи на сила кон крајот на месецов и со него би требало да се ограничи маржата на околу 2.500 производи. Целта е да се заштитат потрошувачите и производителите од трговците.

Слични содржини