Советникот на премиерот за европски интеграции, Исмет Рамадани смета дека „во ваква ЕУ не се стремиме да влегуваме само за да аминуваме на нивните вредности, туку и ние да внесуваме наши вредности“.
-Без разлика колку сме мали, невозможно е да немаме вредности. Предлогот од Макрон малку се разликува од Бугарската резолуција што ја изгласаа во Парламентот. Меѓутоа во тие преговори, работеле веројатно и експерти кои се компетентни за да се постигне некаков договор. Претпоставувам дека за одредени работи се консултирани, бидејќи се работи меѓу нашето и бугарското МНР. Извлечени се работи кои после се предложени, меѓутоа што е предложено сите се согласуваме дека е фаворизирана Бугарија. Јас не сум изненаден од тоа, затоа што таа е нивна членка и понекогаш во тие моменти се забораваат вредности за кои ние се залагаме и стремиме, вели Рамадани.
-Во однос на јазикот, направено е нешто, меѓутоа самиот факт дека им е дадено на Бугарија, да имаат нивен однос кон македонскиот јазик е неприфатливо и затоа премиерот кажа дека не е чиста работата, додаде Рамадани во емисијата „24 отворено“.