189
Во ЕУ денеска почна првата испорака на вакцини против мајмунски сипаници, со испорака на 5.300 дози во Шпанија од вкупно 109.090 набавени дози.
Во Брисел најавуваат дека ова е прва во низата испораки кои редовно ќе се одржуваат во наредните недели и месеци со цел да се осигура дека сите земји членки се подготвени да одговорат на ширењето на мајмуните сипаници.
Дозите на вакцините се даваат пропорционално, според популацијата на секоја земја, а земјите-членки со поголема инциденца на големи сипаници имаат приоритет за испорака.