Во Европа годинава ќе заврши изградбата на 1,6 милиони станови – за 8,5 отсто помалку од лани

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Во Европа годинава ќе заврши изградбата на 1,6 милиони станови, за 8,5 отсто помалку од лани, се вели во прогнозата на мрежата „Еуроконструкт“, чија членка е Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

„Европската станбена изградба страда поради повисоките каматни стапки и помалата куповна моќ“, коментира експертот за градежништво на ИФО, Лудвиг Дорфмајстер.

Во Германија годинава ќе бидат завршени 15 отсто помалку станови отколку во 2023 година, а Дорфмајстер додава дека изградбата на станови во Германија дополнително е оптоварена со екстремно високи трошоци за изградба.

Лоши вести доаѓаат од некои скандинавски земји, бидејќи бројот на завршени станови во Финска и Шведска оваа година ќе опадне за по 50 отсто, а во Норвешка падот ќе биде нешто поблаг и ќе изнесува 22 отсто. За разлика од нив, бројот на завршени станови во Шпанија ќе се зголеми за 15 отсто во 2024 година во однос на минатата година, како и во Ирска за 10 отсто и Полска за четири отсто.

Учеството на новоградбата во вкупната станбена градба се намалува и годинава падна на 37 отсто, додека во 2026 година тоа учество беше 58 отсто.

Градежната активност се повеќе се фокусира на одржување и модернизација на постоечкиот простор за живеење“, изјави Дорфмајстер.

Градежните експерти очекуваат стабилна побарувачка за нискоградба, бидејќи финансирањето за оваа област доаѓа од релативно стабилни извори како што се повеќегодишни национални инвестициски фондови или фондови на Европската унија.

Слични содржини