Уделот на земјоделското земјиште под органско земјоделство во Европската Унија од 2012 до 2020 година се зголемил за повеќе од 50 отсто, со раст од 5,7 отсто на годишно ниво, така што во 2020 година 9,1 отсто од земјоделското земјиште во ЕУ било вклучено во органско производствo.
Според податоците на Европската комисија, Франција, Шпанија, Италија и Германија се земјите со најголеми површини под органско земјоделство во ЕУ.
Најголем дел од површините со органско земјоделство во ЕУ е под ливади и пасишта, 42 отсто, потоа фуражни растенија, 17, житни култури, 16 отсто и повеќегодишни насади, како што се овошје, маслинки и лозови насади, 11 отсто.
Кога станува збор за органското животинско производство, и покрај значителниот раст, тоа сепак сочинува мал дел од вкупното животинско производство во ЕУ и изнесува меѓу еден и седум отсто.
Карактеристика на органските фарми во ЕУ е тоа што се поголеми од конвенционалните и со нив управуваат помлади луѓе.
Согласно растот на производството, малопродажбата на органски производи е удвоена во периодот од 2015 до 2020 година.
Извор: Агро Тим