Во Франција прогласена вонредна состојба на целата територија

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Министерскиот совет, свикан од претседателот на француската република Франсоа Оланд, се состана точно на полноќ, додека во салата Батаклан се одвиваше акцијата на полициските сили за справување со терористите. На состанокот се усвоени серија на ургентни мерки.0,,18183875_401,00

Како што стои во соопштението на Елисејската палата, согласно извештајот на премиерот, министрите за внатрешни работи и правда, „донесен е декрет за прогласување на вонредна состојба“. Вонредната состојба стапува во сила веднаш на целата територија на европскиот дел на Франција и на Корзика. Оваа мерка дозволува да се забрани движењето на лица и воспотавување на заштитни безбедносни зони.

Вториот декрет се однесува на воведување на засилени безбедносни мерки во сите општини на парискиот регион.

„Овие мерки дозволуваат да им се изрече мерка домашен престој на сите лица чија активност е опасна, како привремено затворање на сали за спектакли и места за состаноци, откривање на оружје и спроведување на административни претреси“ – се вели во официјалното соопштение.

Од друга страна, претседателот на Франција, одлучи итно воведување на граничните контроли, за што се мобилизирани царинските служби.

Училиштата, гимназиите, школските установи и универзитете ќе бидат затворени во текот на денешниот ден, а се откажуваат и школските екскурзии.пар1

Француската влада ги мобилизира и болниците. Истовремено е активирана и ќелијата за помош на жртвите од министерството за надворешни работи, правда и здравство, во врска со префектурата на полицијата.

Изутринава во Елисејската палата во 9 часот е свикан Советот за одбрана, а досега се мобилизирани 1.500 припадници на армијата.

Според соопштението на Елисејската палата, претседателот на Франција ќе остане во Париз и нема да учествува на самитот Г20. Тој ќе биде претставуван од министерот за надворешни работи и меѓународен развој и од министерот за финансии, појаснува Елисејската палата.

Француските власти објавија дека до сега бројот на загинатите во терористичките напади во Париз се искачи на 127. Тие не ја отфрлаат можноста бројката да се зголемува, поради преку 200 повредени и 80 тешко ранети.  Стравични се сведочењата на очевидците на овој нагрозоморен терористички чин во историјата на Франција.

 

Петок 13 – Најсмртоносниот ден во историјата на Франција, над 126 убиени и 200 повредени

Ноќ на терор во Париз

Францускиот печат излезе со црни први страници и наслови за крвавиот терор  во главниот град. “Војна среде Париз” – под овој наслов излегува весникот “Фигаро”. “Овој пат станува збор за вистинска војна” – додава “Паризиен”. “Терористичката варварство ја премина историската  фаза” – пишува директорот на “Либерасион” Лоран Жофрен.