
Франција регистрираше 375 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, што е најниска бројка во последната недела, соопшти Генералниот директорат за здравство.
Вкупно 8.078 лица починале во земјата од почетокот на епидемијата, 5.889 во болница и 2.189 во старечки домови и други установи за медицинскo-социјална заштита.
Еден важен показател е во пад, односно 140 лица се примени на реанимација од вчера, а таа бројка постепено опаѓа.
Сега има 6.978 пациенти на реанимација.
Администрацијата посочува дека целокупните податоци потврдуваат дека епидемијата продолжува во Франција и продолжува силно да удира.
Вкупно 28.891 лица се хоспитализирани поради КОВИД-19, или 748 повеќе отколку во саботата, со оглед на зголемениот број на болнички отпуштања.
Од избувнувањето на епидемијата, повеќе од 16,000 луѓе излегоа здрави од болници.