Во Франција од вчера започна да се применува мерката која предвидува поседување на задолжителна здравствена пропусница за влез во кафулиња.
Француската полиција е задолжена за контрола на овие ковид уверенија, кои Французите мора да ги имаат доколку сакаат да влезат во центри за рекреација, кина, концерти, спортски настани, доколку овие објекти се наменети за повеќе од педесет луѓе.
Французите неодамна протестираа против мерките на претседателот Емануел Макрон, а за денеска се најавени нови протести. Претседателот одговори дека тоа не е спротивно на демократските принципи.