Во францускиот предлог стои чист македонски јазик, историските прашања не се дел од рамката

од Nikola Popovski
231 прегледи

Извори во преговарачкиот процес за „Локално“ неофицијално велат дека во францускиот предлог стои чист македонски јазик во ЕУ а протоколот и историските прашања не се дел од преговарачката рамка.

Според предложеното, македонското „не“ на премиерот Димитар Ковачевски во Брисел даде резултат, при што неофицијално има измени во текстот кои се во насока на нашите ставови, предлози и забелешки.

-Францускиот предлог пристигна до Владата. Како што гледаме првично овој предлог ги зема предвид нашите позиции и барања. Овој предлог ќе биде ставен на широка консултација, велат изворите кои имале увид во предлогот.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Мадрид изјави дека е убеден дека е најден компромисен договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој е прифатлив за двете страни.

„Во однос на пристапувањето на Северна Македонија, ги продолживме консултациите со македонските и бугарските власти бидејќи нашата посветеност на европската перспектива на Западен Балкан е да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, убеден сум дека имаме компромисно решение, во интерес на Бугарија и Северна Македонија, прифатливо за сите“, рече Макрон.

По изјавата на Макрон, македонската влада потврди дека преку Министерството за надворешни работи добила предлог од француското претседателство со ЕУ со идеи во врска со нејзините јавно изнесени позиции и ставови.

Слични содржини