Во Газа 500.000 деца не одат на училиште

од Radmila Tasevska
162 прегледи

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци Филип Лазарини соопшти дека војната во Газа предизвикала повеќе од половина милион момчиња и девојчиња да не одат на училиште.

„Секој ден на војна ги продлабочува лузните, создавајќи изгубена генерација ранлива на експлоатација“, порача Лазарини во објавата на социјалните мрежи. „На децата им се краде детството.

Високиот комесар потенцира дека оваа ситуација „треба да се промени, почнувајќи со хуманитарен прекин на огнот“.

Слични содржини