Баерн Минхен одлучил да ги откупи правата на Хамес Родригез по крајот на оваа сезона, вели „Спорт Билд“.
Колумбискиот играч од средниот ред ги воодушевил шефовите на „баварците“ со своите настапи во црвениот дрес. Од „Алијанц арена“ се восхитуваат на неговата техника, офанзивна моќ и вештина да игра на различни позиции.
Јужноамериканецот е отстапен од Реал Мадрид за две сезони. За секоја од нив, „лос бланкос“ треба да добие 5 милиони евра. Клубот во Минхен, исто така, ја презеде платата на Хамс – 8 милиони евра бруто.
Ако одлучи да ги откупи неговите права, Баерн мора да плати 35,2 милиони евра.