Во Германија има 1 милион слободни работни места

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Бројот на невработени во Германија е најнизок во последните 24 години, а стапката на невработеност во октомври паднала на 6 отсто, а преку 600.000 работни места во моментов се непополнети, објави Сојузната агенција за труд.

 
59305222_007910761-1Поволниот тренд на пазарот на труд и понатаму трае“, истакнал директорот на Сојузната агенција за труд Франк Јирген Вајс. Бројот на невработени во октомври изнесувал 2,54 милиони, што е број кој последен пат е забележан во  1991 година, пренесува „Index“.

Истовремено, покрај падот на стапката на невработеност, се забележува и засилен интерес на економијата за работници. Во моментов на германскиот пазар на труд непополнети се 612.000 работни места, што е речиси 100.000 повеќе од истиот период лани.

Најмногу непополнети работни места се наоѓаат во секторите на транспорт, трговија, во металуршкиот сектор, но и во здравството. Како што соопшти Сојузната агенција за труд, непополнети работни места има во сите подрачја.