Во Германија се размислува за специјални вагони за жени во метрото, поради сексуалното насилство

од Milan1
50 прегледи

Властите во Берлин размислуваат да воведат специјални вагони за жени на железничките перони во обид да го запрат бранот сексуално насилство. Стравот кај патничките на железничките станици во Берлин, особено во вечерните часови, е се поприсутен бидејќи жените се повеќе се мета на сексуални напади.

Како одговор на порастот на пријавени случаи, експертите за транспорт во Берлин се залагаат за воведување посебни вагони за жени, инспирирани од практиката во Токио.

Во Германија се уште има нов случај кога жена (63) била силувана на линијата U3. Злосторството се случило доцна вечерта, а сторителот по нападот го напуштил возот и мирно го продолжил патувањето со автобус.

Според официјалните податоци, бројот на пријавени сексуални напади во јавниот превоз во Берлин е зголемен за 260 отсто во последната деценија. Во текот на целата 2023 година се евидентирани 391 случај.

– Жените се претежно жртви на насилство, па градските партии предлагаат појасно дефинирани безбедносни зони на платформи со видео надзор и столбови за итни повици, наведуваат порталите.

Дополнително, беше предложено да се воведат специјални вагони за жени надвор од сообраќаен метеж, кои би биле лоцирани во близина на машиновозачот или на крајот на возот, по примерот на Токио.

Слични содржини