Во Германија стапи на сила закон за трет пол

од desk2
201 прегледи

 

Германскиот закон кој им овозможува на луѓето кои билошки не с евклопуваат ни во машки ни во женски пол, да изберат трета опција во официјалните документи, денеска стапи на сила.

Владата го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди Бундестагот. Припадниците на ЛГТБ популацијата рекоа дека оваа мерка не е доволна затоа што е потребен сертификат од лекар кој докажува дека тоа лице е интерсексуално. Бараа закон кој ќе им го олесни животот на луѓето кои не се идетификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се родени со репродуктивна аномалија која не се вклопува во типични дефиниции за женско или машко тело. Ова се однесува на лицата кои се родени со машки и женски гениталии или ги имаат и двата XX и XY хромозоми во своите келии.

Кај некои луѓе оваа состојба се открива при раѓањето, но некои ја откриваат дури во пубертет или подоцна кога ќе се соочат со проблеми со плодноста.

Слични содржини