Во Германија усвоена Резолуција за забрана на Хезболах

од Aleksandar Petrovski
319 прегледи

Германскиот Парламент денеска усвои резолуција со која се бара забрана за активностите на Хезболах и повикува таа либанска милитантна група да биде ставена на списокот на терористички групи на ЕУ.

Портпаролот на пратеничката група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, Матијас Миделберг, рече дека Резолуцијата е донесена во консултација со коалицијата Социјалдемократска партија, но и со опозициските партии.

– Неприфатливо е Хезболах да води терористичка кампања против Израел на Блискиот исток, финансирана преку бројни криминални активности. Ние ја повикуваме владата да ги забрани сите активности на Хезболах во Германија, рече Миделберг.

Тој додаде дека треба да се запре со разликувањето помеѓу политичките и воените активности, и Хезболах како целина да се стави на терористичкиот список на ЕУ.

– Тоа може да ги замрзне средствата на Хезболах во Европа, рече тој.

Велика Британија во март го забрани Хезболах.

Слични содржини