Во Германија за 27 години исчезнале 76 проценти од летечките инсекти

од desk2
78 прегледи

Научниците предупредуваат на „алармантен“ пад на летечките инсекти во Германија, што може да има сериозни последици по екосистемот и ланецот на исхрана.


Истражувачите тврдат дека во последните 27 години во Германија бројот на летачки инсекти се намалил за 76 проценти.

Падот од 76 отсто е поголем од глобалниот просек, кој изнесува 58 проценти.

Причината за намалувањето на летачките инсекти не се климатските промени ниту измените во пејзажот, туки земјоделството и користењето на пестициди.

Инсектите се извор на храна за птиците, цицачите и водоземците, а важна улога имаат и во запрашување на растенијата.