Во Ѓорче Петров се забранува сушење алишта во дворови со поглед кон улици или плоштади

од Aleksandar Petrovski
217 прегледи

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата Фејсбук-страница пишува дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, со кои се забранува сушењето алишта во дворните места на територија на општината кои имаат поглед на улица или на плоштад.

-Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија- вели Наумовски во коментар под објавата.

Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.

Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.