Во Гостивар, до 10 часот на гласање излегле околу пет проценти од избирачите

од desk4
124 прегледи

Според информациите на општинската изборна комисија во општина Гостивар до 10 часот правото на глас го искористиле 3.982 лица (пет отсто). Изборниот процес во оваа полошка општина засега се одвива без потешкотии или нарушувања на изборниот процес.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.569 лица кои ќе гласаат на 121 избирачко место.

Во општина Врапчиште на 39 избирачки места гласале 891 лице (3,5 отсто) од вкупно запишани 25.377 лица.

Во општина Маврово – Ростуше до 10 часот на гласање излегле 511 лица (5,1 отсто), во најмалата по бројност општина во гостиварскиот регион во избирачкиот список се запишани 25.377 лица кои гласаат на 39 избирачки места.