На 06.01.2026 во 21:20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на ул. „Илинденска” во Гостивар го лишија од слобода Љ.Х. (33) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Идризово“.
Тој за доиздржување имал уште една година и четири месеци од вкупната затворска казна од осум години, на која бил осуден поради сторени кривични дела по членовите 237, 215, 382,186 од КЗ.
Љ.Х. бил спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.