Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 9 до 11 часот за Општина Чаир и во периодот од 11 до 13 часот за Општина Бутел.

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата [email protected].

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Слични содржини