На 3 февруари – десет дена откако радикалната левица СИРИЗА победи на предвремените парламентарни избори во Грција, Аристидис Хадзис напиша коментар за “Волстрит џурнал”. Во него тој објаснуваше зошто поради историски причини не само лидерите, но и народот на Грција не може да прави компромиси во драматични моменти.
Четири месеци подоцна, кога Атина е на работ на банкрот, ви го нудиме текстот на професорот по право и економија на Универзитетот во Атина и коосновач на сајтот GreekCrisis.net,кој собира коментари на оваа тема.
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас и неговите колеги од крајно левата СИРИЗА треба до крајот на месецот да постигнат договор со меѓународните кредитори на земјата – било да заврши сегашниот помошен пакет, било за да прогласи банкрот и да ја напушти еврозоната. Коментаторите пишуваат за радикалната политика како главна пречка за постигнување на таков договор.
Но всушност има многу подлабок културен проблем.
Во грчкиот речник зборот компромис (συμβιβασμός) има силно негативна смисла. Таа е синоним на предавство, на тоа што си се продал. Концептот дека од преговорите можат да добијат и двете страни, е туѓа на Грците. Не е случајност што и довербата меѓу Грците внатре во земјата е исклучително ниска и се разликува од просекот за Европа (според податоците на Legatum Prosperity Index).
Грците се доволно разумни за да го изберат компромисот пред пропаст. Но тие сакаат компромисот да биде спакуван како историски триумф, а не како некаков прагматичен договор со попусти . Дури и големи модерни лидери на Грција биле казнети од населението поради тоа што имале тешки, но и императивни решенија.
Историјата ни дава примери за предизвикот пред Ципрас.
Елефтерос Венизелос, најпознатиот политички лидер на модерна Грција, рекол дека нема такво нешто како национални права, има само национални интереси. Тој бил не само голем либерален реформатор, но и неотстаплив дипломат, успеал да ја удвои територијата на Грција и се вклучувал во сојузи во три последователни војни меѓу 1912 и 1920 година
Венизелос секогаш барал можности за меѓусебна зделка. Секогаш се обидувал да преговара за речиси сè додека крајниот резултат биде за Грција профитабилен, без да прави отстапки. Нешто повеќе – имале голема доверба во него. Решеноста во Првата светска војна да пристапи Грција кон традиционалните сојузници Велика Британија и Франција отиде дотаму што бил подготвен привремено да ја оддели Северна Грција од ројалистичката и прогерманска влада во Атина. Крајниот резултат е дека Грција излегува од војната како еден од најголемите профитери.
Но овој придонес на Венизелос е потценет во Грција. Тој преживеа обид за убиство од неговите политички противници во август 1920 година и три месеци подоцна е поразен на парламентарни избори.
Промонархиската влада која го наследила, успеала да ги девалвира изградените од него сојузи со неодговорно и опортунистичко однесување. Резултатот е пораз од Турција во Мала Азија во 1922 година, најголемата катастрофа во модерната грчка историја. За среќа Венизелос успеал да ги договори условите за тој пораз и резултатот се три децении на мирен соживот во Егејското Море.
За да го постигне тоа, Венизелос се откажал од претензиите кон Мала Азија и се договорил со Кемал Ататурк за исклучително спорната присилна размена на население. Се разбира, тоа беше хуманитарна трагедија. Но, тој тоа го направил, бидејќи верувал дека е единствениот начин да се обезбедат долгорочнио грчките интереси. Исклучително тешко му било да ги убеди бегалците – а тие биле негови страстни поддржувачи – дека засекогаш ги изгубиле своите домови. Но тој беше единствениот способен тоа да го направи. Тие му верувале како лидер и го одобрувале ладнокрвно реализмот.
Модерна Грција има среќа што ја раководеле лидери кои се противат на популизмот и одржуваат вистинска насока. Харилаос Трикупис бил модернизатор и стои зад трансформацијата на земјата кон крајот на деветнаесеттиот век во модерна либерална демократија. Константинос Караманлис беше конзервативен политичар кој ја водел Грција во економското чудо од 60-тите години и лично постигнал земјата во Европската заедница во недостаток на ентузијазам меѓу Грците. Трикупис и Караманлис успеаја да протуркаат масовно непопуларни реформи и конечно овие мерки ја поткопаа политичката поддршка за нив.
Дури Андреас Папандреу, популистички лев лидер,кој доминирал на грчката политика за две децении на крајот на дваесеттиот век, секогаш беше подготвен да започне тешки преговори. Иако со радикалната реторика тој беше реалист и знаеше кои се правилните сојузи за Грција. Запрашан како успеал во 1981 година да поведе кампања за излез на земјата од ЕУ и НАТО, а потоа да одбие да ги одржи своите ветувања како такобосител, тој одговори дека гласачите “сакаат да слушнат она што им го ветуваме, но тие дури и не помислуваат дека навистина ќе го направиме “.
Ципрас е уште случај. Тој го побара – и го доби – истиот тип мандат: упорно да преговара и да се врати како победник од преговорите, но без да е во спротивност со членството на Грција во еврозоната и ЕУ. Најголемиот му противник не е Ангела Меркел, туку грчкиот народ, кој положи на неискусните му плеќи огромен товар.
Комбинацијата од опсадата, психа и култура, во која постојано се чувствувате како нечија жртва , ги натера Грците да го согледа светот како непријателско место. Тие се подготвени да прифатат било каков компромис како предавство, но и ќе се сметаат за предадени, ако Ципрас не преговара и резултатот е економска катастрофа.
Дали Ципрас ќе е таков комбинатор како Папандреу, способен да поднесе кривина на 180 степени како триумф? Или ќе се покаже дека е достоен за нивото на Венизелос, да преземе целосна одговорност за тешка зделка и да плати за последиците?
Бидејќи секогаш има трета – многу мрачна – историска алтернатива во која комбинацијата од демагогија, импулсивни дејствија и кратковидост кои водат до пораз и понижување.
Да се надеваме дека младиот премиер ги знае
