Во Грција активиран „Амбер алерт“: Исчезна 11-годишно девојче

од Илинка Илиоска
659 прегледи

Организацијата „Насмевката на детето“ активира тревора поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во западниот дел на Грција.

Василики Николопулу (11) исчезната во неделата вечерта околу 21 часот.

За изчеснувањето на девојчето денеска била информирана организацијата и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот „Амбер алерт“, затоа што се верува дека нејзиниот живот е во опасност.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри. Носела бел фустан и бели папучи.

Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.

Слични содржини