Во Грција имало фабрика за лажни пасоши за бегалци и мигранти

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Во Грција беше приведена криминална банда, која издавала  лажни пасоши и други документи за бегалците. Криминалната група дејствувала на островот Кос. Во акцијата беа приведени 6 лица, компјутерска опрема, камери, фото апарати, мобилни телефони и огромно количество фалсификувани документи.

идоменПри полициската операција се проверуваат неколку куќи, соопштија официјални власти во Атина. Само од почетокот на оваа година преку територијата на Грција на пат за Европа поминале над 100 000 луѓе. Околу 90 000 од нив поминаа во Република Македонија. Од почетокот на овој месец “Балканскиот пат” е запрен. Според властите во Атина во моментов на територијата на земјата има околу 50 000 мигранти и бегалци.