Во Грција најмногу смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Во Грција, во последните 24 часа починаа 79 лица од последиците на коронавирусот, што е највисоко за еден ден од почетокот на пандемијата.

Со тоа, како што наведе „Танјуг“, бројот на жртви од коронавирусот во оваа земја се искачи на 8.532.

Регистрирани се нови 4.309 нови случаи, а само денес се хоспитализирани повеќе од 500 пациенти.

Во моментов има 751 пациент на респиратор, пренесува АНА.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се 281.570 случаи на коронавирус.

Слични содржини