Во Грција покрената истрага за напад на полицаец врз бегалец при спасувачка операција

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Грчкиот министерот за поморска трговија Теодорос Дрицас и началникот на крајбрежната стража Стаматис Раптис наредиле де се спроведе истрага, откако на Интернет се појави видео во кое се гледа како припадник на крајбрежната стража напаѓа бегалец.GREEK-COAST-GUARD-OFFICER-BEAT-REFUGEE

Во видеото, кое е поставено на „Дејлимоушн“, сe гледа како припадник на грчката крајбрежна стража псуе бегалец и го удира по грбот, за време на операција за спасување.