Грција пријави 2.917 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд во споредба со вчерашниот ден, 4 ноември, кога беа евидентирани 2.646 нови случаи. Според податоците објавени во грчките медиуми, во изминатите 24 часа 29 пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус. Поради големиот број хоспитализирани, Грција од 7 ноември по втор пат оди под „клуч“.
Властите најавија ново „заклучување“ на 7 ноември, откако беше објавено дека бројот на заразени со коронавирус пораснал за 20% во последните денови.
Карантинот започнува во сабота во шест часот, а остануваат отворени само продавниците со потребни производи како што се супермаркети и аптеки.
За да излезете надвор, потребно е да испратите СМС со наведената причина за излегување и временскиот интервал на престојот надвор, и да почекате одобрување од властите, кои исто така пристигнуваат преку порака на мобилен телефон.
Овој пат училиштата остануваат отворени за разлика од карантинот оваа пролет, додека учењето на далечина се препорачува за средните училишта и универзитетите.
Властите се загрижени за бројот на хоспитализирани во единиците за интензивна нега поради недоволниот капацитет. Бројот на интубирани пациенти двојно се зголеми за еден месец, од 82 на 4 октомври вчера на 169.
Според податоците објавени во грчките медиуми, во изминатите 24 часа 29 пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус.
Има 187 пациенти на респиратори.
Досега починаа вкупно 702 лица, а заразени се скоро 50.000 луѓе.