Во Хрватска 49 нови случаи на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска соопшти денеска дека се регистрирани 49 нови случаи на инфекција со коронавирус, бројот на заразени моментно е 1.116, а едно лице починало, пишува „Данас“.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на инфекција со коронавирус, така што бројот на моментално активни случаи во Хрватска е вкупно 1.116“, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 138 пациенти се наоѓаат во болница, од кои девет се на респиратор.

Од штабот објавија дека едно лице починало, така што вкупниот број на починати е 123.