Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук во Хрватска кој бил увезен од Северна Македонија, соопштено е во средата од Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.
„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во денешното соопштение, пишува „Н1“.
Форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји се уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето, пренесува „Даница“.
Форметанатот е многу акутно токсичен ако преку орален пат се внесе во организмост и умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.
Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци биле намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, треперење, повраќање, кашлање и абнормална тишина.