Во Хрватска пристигнале 128.000 маски, кои, наводно, самите го „убиваат“ коронавирусот, осмислени од израелски научници.

Маските денеска ќе бидат дистрибуирани во аптеките, кои ќе ги продаваат за околу 40 куни, објави хрватскиот портал „24 sata“.
Увозничката компанија „Ринигард“ вели дека ова е само прва во низата набавки и дека очекуваат нарачки од Србија, Унгарија, Австрија и Швајцарија, кои веќе, како што се наведува, покажале интерес за купување на големо.
Маската не се разликува по изгледот од класичните хируршки маски за лице, но бакар оксид со антивирусни и антибактериски својства е вграден во материјалот за време на производството.
Може да се користи повеќекратно, додека не биде физички уништена, не се полие со вода или значително се извалка.