2200 студентки и домаќини, како и околу 300 модели и хостеси,  заработуваат пари од нелегална проституција, покажува истражувањето на МВР

 

20151005.bvcuyjgdxxГодишно Хрватите трошат околу 150 милиони евра само за дрога, околу 5.000 се проститутките, од нив 1500 се “професионалки”, останатите – аматери, студентки, домаќинки и само жени кои сакаат да си ги зголемат приходите, покажуваат податоците на МВР на Хрватска.

Индустријата на пороците – продажбата на алкохол и тутун, комарот, дрогата и проституцијата годишно врти неверојатни 6,2 милијарди куни што претставува 2,17 отсто во бруто домашниот производ (БДП). Овие фрапантни резултати се од истражувањето на професорите на Економскиот институте Жељко Ловринчевиќ и Давор Микулиќ, како и Анте Орловиќ од Високата полициска школа во Загреб.

Додека бројот на вработени во Хрватска, во последните шест рецесиски години падна за 150 илјади лица, вработеноста во легалните гранки на “индустријата на пороци” пораснала за 5,6 отсто во однос на предрецесиската 2008 година кога вработувала 22.500 граѓани.
Единствена “порочна гранка” која бележи слаб пораст е производството на тутун што е последица на влезот на Хрватска во ЕУ и изедначување на таксите за домашни и странски производи.

314162-vo-hrvatskata-industrija-na-grevovi-se-vrtat-milijardi

Во најновата држава-членка на Европската унија обложување и коцкање се легализирани во кај нив сив сектор практично нема, бидејќи услугите се нудат отворено, но тоа, според полицијата, создава поголема порочност во општеството. Сепак државата го изгласала  ова решение, бидејќи од комарец, алкохол и цигари во буџетот нејзиното влегуваат 7.3% од сите приходи.

Најмногу илегални играчи има во секторот на дрогата и проституцијата, каде 95% од корисниците се Хрвати. Според МВР, професионалните проститутки во земјата се 1500, но уште околу 3.500 жени  ја практикуваат најдревната професија со цел зголемување на својот  приход.314159-vo-hrvatskata-industrija-na-grevovi-se-vrtat-milijardi

Од аматерите околу 2200 се студентки и обични работат жени, додека над 300 се модели , манекенки и стјуардесите. Илегален промет на овие жени надминува 50 милиони евра.

Авторите на истражувањето ги анализираа службените податоци за рецесискиот период од 2008 до 2012 година, а за илегалните активности за кои нема податоци, изработија сопствени проценки кои се темелат на секундарни извори и податоци како и на нивни претпоставки.
Меѓу гранките на “индустријата на пороците” не постои само разлика во тежината на моралниот престап туку и во кршењето на законите бидејќи најголем дел од нив се илегални.  Производството на алкохол и цигари во најголем дел е под државен надзор така што остануваат дрогата и проституцијата кои се забранети со закон, а кои се извор на општествената  патологија и криминалот.

 

Слични содржини