Во Хрвтаска молитва по повод 40 години од раѓањето на Тоше

од Vladimir Zorba
341 прегледи

„Ден пред неговиот 40-ти роденден, во недела на 24 јануари, по Светата миса во капелата кај Паркот на Рокот во Загреб, која започнува во 10:00 часот, ќе се присетиме на непреболениот пејач со молитва. Никогаш не прежалениот Тоше Проески ќе го прославеше својот 40-ти роденден во понеделник, на 25 јануари.Тој нè напушти премногу рано на 26-годишна возраст, но остави зад себе исклучително богата ризница во која, кога ќе ѕирнеме денес, сфаќаме колку бил талентиран“, пишува во објавата на познатата дискографска куќа Хит Рекордс од Хрватска, по повод роденденот на Тоше Проески.

Од дискографската куќа се сеќаваат на неговите зборови – Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене, и велат дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар.

Слични содржини