Во Индија ќе се произведуваат Range Rover и Range Rover Sport

од Vladimir Zorba

Според британските медиуми, Jaguar Land Rover ќе ги произведува моделите Range Rover и Range Rover Sport во Индија, првата земја надвор од Велика Британија која ги произведува луксузните теренци на марката.

Овој потег ќе и помогне на компанијата да ја задоволи зголемената побарувачка од азиските клиенти. Во моментов, Кина е најголемиот пазар на JLR со 104,123 продажби минатата година (за 14,4% на годишно ниво), додека Индија забележа едно од најголемите зголемувања во продажбата на возила JLR, со зголемување од 81% во однос на истиот период пред една година (4.436 возила).

Засега, тие се произведуваат само во фабриката на JLR во Солихал, но моделите Range Rover и Range Rover Sport ќе се склопуваат и во фабриката на матичната компанија Tata Motors во Пуна, која е во близина на Мумбаи во западна Индија. Фабриката склопува модели на JLR повеќе од една деценија, почнувајќи со Land Rover Freelander II во 2011 година.

Слични содржини