Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров.
-Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато. Во индустриската зона во Ѓорче Петров постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад, објасни Арсовска и најави дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.
Таа потенцира дека од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки.
-Време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, потенцира градоначалничката.