
Италијанските власти размислуваат за воведување построги забрани за движење откако податоците од телекомуникациските компании покажуваат дека на улиците сè уште има премногу луѓе.
Во Ломбардија, регионот најпогоден од епидемијата, „40 проценти од луѓето сè уште се движат наоколу“, изјави регионалниот комесар за здравство Џулио Галера за РАИ во средата.
Информациите не беа дадени од телекомуникациските компании, рече Галера, отфрлајќи го тврдењето дека станува збор за повреда на приватноста бидејќи се работи за анонимни податоци, пренесува „Хина“.
„Никој не ги проверува граѓаните во стилот на „Големиот брат“, рече тој.