Во Италија починаа 431 лица, надлежните порачаа: Строгите мерки остануваат во сила

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Во последните 24 часа во Италија починаа 431 лица, откако сега вкупниот број на починати е 19.899 (вчера, 19.468).

Оздравени се вкупно 34.211 (+1.677) лица, а има 1.984 нови пациенти, односно вкупно има 102.253 заболени (вчеравечер биле 100.269).

Има 156.363 (+ 4.092) болни, починати и излечени лица, откако вчера имало 147.577 (+ 3.951 во однос на претходниот ден).

Направени се 1.010.119 анализи на брисеви, според податоците на италијанската граѓанска заштита.

Италијанските власти објавија дека строгите мерки ќе продолжат сè додека не биде поповолна епидемиолошката состојба во земјата.